Жртви од поларниот студ во Европа

26.02.2018 14:16

Студ се прогнозира и во Романија, каде што температурата ќе падне и до минус 25 степени, како и во балканските земји.

Една жрвта во Франција и две во Полска, откако ледениот бран од Сибир се проширил низ целиот континент. Во Русија, Државниот метеоролошки завод предупреди дека до 28-ми февруари земјата ќе ја погодат ниски температури и големо невреме.

Студ се прогнозира и во Романија, каде што температурата ќе падне и до минус 25 степени, како и во балканските земји.

Во неколку земји од централна Европа и на Медитеранот е издадено предупредување за феноменот познат како „Москва- Париз“, кој го носи студениот воздух од Сибир.