ООН

Русија стави вето за нацрт- резоулцијата за Иран

27.02.2018 10:55

Предложениот документ од Велика Британија не беше прифатен ни од Боливија, а „за“ гласаа 11 земји-членки. Кина и Казахстан беа воздржани.

Русија за прв пат стави вето на нацрт-резолуција на Советот за безбедност на ОН за да го заштити Иран кој е обвинет за непочитување на ембаргото за оружје коешто Организацијата го воведе во Јемен.

Предложениот документ од Велика Британија не беше прифатен ни од Боливија, а „за“ гласаа 11 земји-членки. Кина и Казахстан беа воздржани.

Франција ја повика Русија да влијае и врз владата на Сирија за да се спречи прекршување на резолуцијата за прекин на огнот.

Официјален Париз исто така верува дека Москва треба да ја советува Турција да запре операцијата против Курдите во Африн.