Поголема наплата во буџетот во јануари

27.02.2018 11:00

Од ресорот финансии информираат дека во државната каса се прибрани нешто повеќе од 13 милијарди денари или 6,89 проценти од вкупниот буџет за годината, додека расходите се реализирани со 6,56 насто.

Во првиот месец од годината поголема наплата во буџетот споредено со истиот период лани. Од ресорот финансии информираат дека во државната каса се прибрани нешто повеќе од 13 милијарди денари или 6,89 проценти од вкупниот буџет за годината, додека расходите се реализирани со 6,56 насто.

Даночните приходи и придонесите изнесуваат 12 милијарди денари. На расходната страна на буџетот за 2018-та, за плати и надоместоци се потрошени 2 милијарди и 157 милиони денари, за стоки и услуги 671 милион, а капиталните расходи 242 милиони денари.

Дефицитот е реализиран со 3,09 проценти. За надворешен долг се издвоени 12 милијарди денари, а за домашниот 2 милијарди, информираат од финансии.