Сирија: Петчасовно примирје во Источна Гута

27.02.2018 14:38

Сојузникот на сириската влада побара пауза за да им се дозволи безбеден излез на цивилите од завојуваните зони. Доставата на хуманитарни пратки е попречена.

Петчасовно примирје во Источна Гута каде што владините сили вршат напади врз бунтовничките упоришта.

Сојузникот на сириската влада побара пауза за да им се дозволи безбеден излез на цивилите од завојуваните зони. Доставата на хуманитарни пратки е попречена.

Советот за безбедност на Обединетите нации едногласно усвои резолуција до која се бара прекин на огнот на целата територија, но нема конректен датум за активирањето на мерката.