Четири опции за решавање името

28.02.2018 09:30

Владата вчера потенцира дека премиерот Зоран Заев во интервјуто не изјавил дека Македонија изнела четири предлози за решавање на спорот околу името со Грција, како што пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Македонската Влада вчера соопшти дека медијаторот Метју Нимиц предложил четири опции за името и дека тоа не се предлози на Република Македонија.

Владата вчера потенцира дека премиерот Зоран Заев во интервјуто не изјавил дека Македонија изнела четири предлози за решавање на спорот околу името со Грција, како што пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Предлозите Република Северна Македонија, Република Горна Македонија, Република Вардарска Македонија и Република Македонија (Скопје) се предлози на посредникот Нимиц- соопшти Владата.

Во врска со деловите од интервјуто на премиерот Заев за агенцијата „Ројтерс“ преземено од страна на некои македонски медиуми во кои се пренсува дека „Република Македонија е подготвена да направи мали промени со името во Уставот“, кабиентот на Заев категорично тврди дека премиерот нема искажано таков став во интервјуто.

Наместо тоа, премеирот Заев на прашањето на новинариот на „Ројтерс“, одговара дека Македонија е подготвена да направи промена во врска со името, но не може да се оди предалкеу бидејќи тоа е многу тешко прашање- се вели во демантот на Владата.