Рочиште за случајот „Тортура“ во Кривичен суд

28.02.2018 09:46

Во „Тортура“ обвинети се поранешниот прв човек на единицата „Алфа“, Ивица Антевски - Пуки и уште петмина припадници на единицата за апсењето на Бошковски.

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи првото рочиште за предметот на СЈО „Тортура“, што се однесува на начинот на лишување од слобода на лидерот на „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни Работи Љубе Бошковски, на 6-ти јуни 2011-та година, ден по предвремените парламентарни избори.

Во „Тортура“ обвинети се поранешниот прв човек на единицата „Алфа“, Ивица Антевски - Пуки и уште петмина припадници на единицата за апсењето на Бошковски.

Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.