Одземена дозволата за работа на „Санте Плус“

28.02.2018 10:19

Утврдени се неправилности во работата на болницата во однос на кадарот и опремата, по што Министерството за здравство донесе решение да ја одземе дозволата за работа- информираат од ресорното Министерство...

Министерството за здравство вчера ѝ ја одзеде дозволата за работа на приватната болница „Санте Плус Груп“.

По извршениот вонреден инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и извештајот за извршен стручен надзор над работата на приватната здравствена установа, утврдени се неправилности во работата на болницата во однос на кадарот и опремата, по што Министерството за здравство донесе решение да ја одземе дозволата за работа- информираат од ресорното Министерство.

Оттаму велат дека нема да го коментираат обдукцискиот наод за родилката од Кичево која на почетокот на минатиот месец почина во болницата, бидејќи е предаден во Основното јавно обвинителство кое отвори истрага за случајот.