Седници на неколку собраниски комисии

28.02.2018 10:53

Предлог- законот за престанување на важењето на Законот за поддршка на домашната музичка продукција, во прво читање, е на дневен ред на Комисијата за култура.

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисиите за култура, за транспорт, врски, за екологија, и за образование, наука и спорт, како и законодавно- правната комисија.

Предлог- законот за престанување на важењето на Законот за поддршка на домашната музичка продукција, во прво читање, е на дневен ред на Комисијата за култура.

На дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија меѓу другите точки, е и Извештајот за работата на регулаторната комисија за домување за второто полугодие од 2017-та.

Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт, меѓу другите точки, ќе ги разгледаат измените и дополнувањата на повеќе закони од образовната сфера, предложени од владејачкото мнизинство.