Промоција на 15 нови изданија за културното и природното наследство на Македонија

28.02.2018 10:59

Десет наслови ќе бидат објавени на македонски, а пет на англиски јазик. Со 15-те нови изданија, управата досега има објавено 45 наслови од едицијата „Најзначајните вредности на културното и природно наследство на Република Македонија“.

Управата за заштита на културното наследство денеска во Археолошкиот музеј на Македонија ќе промовира 15 нови изданија од едицијата „Најзначајните вредности на културното и природното наследство на Република Македонија“.

Десет наслови ќе бидат објавени на македонски, а пет на англиски јазик. Со 15-те нови изданија, управата досега има објавено 45 наслови од едицијата „Најзначајните вредности на културното и природно наследство на Република Македонија“.

Тоа е повеќегодишен проект на Управата, чија цел е преку 130 монографски публикации да ги доближи најзначајните археолошки локалитети, сакрални објекти и природни богатства до домашната и меѓународна публика.