СЛОВАЧКА

Убиениот Кучијак открил „словачка врска“ со италијанската мафија

28.02.2018 11:25

Словачката полиција ги истражува можните странски врски на новинарот Јан Кучијак и е во контакт со безбедносните служби на Чешка и Италија.

Пред да биде убиен, словачкиот истражувачки новинар работел на приказна за поврзаноста меѓу политичарите и италијанската мафија.

Словачката полиција ги истражува можните странски врски на новинарот Јан Кучијак и е во контакт со безбедносните служби на Чешка и Италија.

27- годишниот репортер и неговата девојка беа убиени во нивната куќа во место близу Братислава.

Претседателот на владата нуди награда од милион евра за информации за убиството. Кучијак е вториот репортер кој е ликвидиран во ЕУ во последните пет месеци.