Апсење за затаени 3,2 милиони евра

Бизнисмени ја олесниле државната каса

05.11.2013 11:57

Откриено големо даночно затајување, тешко 3,2 милиони евра

Откриено големо даночно затајување, тешко 3,2 миолиони евра.  9 бизнисмени  од Струмица, Битола, Прилеп и еден Србин со фирма во Кичево ќе одговараат, освен за даночно затајување и за злосторничко здружување,злоупотреба на службената положба и фалсификување и уништување деловни книги . Финансиската полиција ги сомничи  дека во периодот од 2010 до 2012, сопственикот на битолската фирма Римкос трејд формирал криминална група која испраќала фактури со невистинита содржина и вршела нелегални финансиски трансакции. Набавените суровини преку фирмите од Струмица, Прилеп, Кичево и Битола биле со непознато потекло . Наводно, ги купувале еден од друг и прикажувале поврат на ДДВ. 
 Знаејќи дека за откупот на секундарни суровини од физички лица не се врши поврат на де де вето, сопственикот на Римкос  прикажувал дека суровините ги откупувал од правни лица. Парите од својата банкарска сметка ги префрлал на сметките на другите осум фирми , за потоа тие да вршат трансакции кон неговата фирма и да ги избегнат  даночните обврски .
Пред истекот на календарската година , фирмите ги  продавал на лица со криминално досие , со што сметал дека бизнисмените така ќа се се заштитат од законот. На ваков начин за две години присвоиле 3, 2 милиони евра што требало да се слеат во буџетската каса.  Ноќеска се уапсени осуммина од групата, додека лицето од Србија е недостапно за полицијата. Приведените ќе бидат изведени пред истражен судија.  
 
 
 
Наташа Гркова Петрушевска