Заев за „Фајненшл Тајмс“: Македонија и Грција блиску до решение за името

28.02.2018 11:35

Според „Фајнешнл Тајмс“, премиерите на Македонија и на Грција, Заев и Ципрас разгледуваат пет предлози за името од медијаторот Метју Нимиц- Северна, Горна, Вардарска, Нова Македонија и Република Македонија (Скопје).

Македонија и Грција се приближуваат кон решение за спорот за името, изјавил премиеот Зоран Заев во интервју за лондонски „Фајненшл Тајмс“.

„Ја сум оптимист. Свесни сме дека многу е тешко, но би било паметно за двете страни да најдат решение што е можно побрзо. Новото барање од Грција е да го смениме Уставот, но тоа е домашна книга на правила и нема влијание надвор од државата. Промената на Уставот не е конечна гаранција бидејќи нова Влада може пак да го смени Уставот“, изјавил Заев.

Според „Фајнешнл Тајмс“, премиерите на Македонија и на Грција, Заев и Ципрас разгледуваат пет предлози за името од медијаторот Метју Нимиц- Северна, Горна, Вардарска, Нова Македонија и Република Македонија (Скопје).

Заев изјавил во интервјуто дека Нова Македонија не е прифатливо решение бидејќи не опфаќа географска одредница, но дека е отворен за преговори за останатите четири имиња.