САД

Кушнер нема пристап до строго доверливи информации

28.02.2018 12:03

Ваквата информацијата беше соопштена по објавувањето дека многу соработници на Трамп се уште не добиле дозвола за постојан пристап до класифицираните информации, но и покрај тоа работат непречено со такви документи...

Џаред Кушнер, зетот и близок соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, веќе нема пристап до доверливи информации од највисокото ниво означени под графата „Строго доверливо“.

Ваквата информацијата беше соопштена по објавувањето дека многу соработници на Трамп се уште не добиле дозвола за постојан пристап до класифицираните информации, но и покрај тоа работат непречено со такви документи.

Кушнер имаше привремено овластување за пристап до документите што содржат најделикатни информации. Тој е оженет со Иванка Трамп, најстарата ќерка на американскиот претседател, и е задолжен за преговорите за Израелско- палестинскиот мировен процес.