Петир: Македонија веќе има свое име

28.02.2018 12:23

Таа вели дека била известена од нашата Влада оти се воспоставува нова Група за пријателство со Македонија со друг претседател...

Европратеничката Маријана Петир, којашто ја предводеше Групата на пријатели на Македонија, бара да се отворат преговорите со нашата земја за членство во ЕУ и да ни се овозможи влез во НАТО алијансата.

„На Македонија со години ѝ се нанесуваат бројни неправди, една по друга, со што ѝ се затворија вратите за евроатлантските интеграции. Сакав тоа да се промени. Инсистирав со земјата, која е подготвена за влез во ЕУ да се отворат преговори, а отворените прашања со Грција да се решаваат во текот на преговорите. Проблемот е во тоа што наместо прст, Грците сакаат да земат цела рака и секојдневно ги зголемуваат барањата, а граѓаните не знаат каде тоа ќе ја одведе земјата. Ја делам загриженоста на македонскиот народ предизвикана од најавите за промена на името и за губење на идентитетот, на кој македонскиот народ е толку горд“, изјави Петир.

Таа вели дека била известена од нашата Влада оти се воспоставува нова Група за пријателство со Македонија со друг претседател, но додава ќе продолжи да ја поддржува земјава.