Милијарда денари за поддршка на нови вработувања

28.02.2018 13:07

Преку програмите за вработување ќе бидат опфатени 9.511 лица, а преку услугите на Агенцијата за вработување на РМ над 16.000, информира министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Со средства во износ од милијарда денари ќе се поддржуваат нови вработувања. Владата очекува со програмата да бидат опфатени 9.511 лица, а преку Агенцијата за вработување вкупно 16 илјади.

Преку програмите за вработување ќе бидат опфатени 9.511 лица, а преку услугите на Агенцијата за вработување на РМ над 16.000, информира министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Грантовите за самовработување се поставени флексибилно од четири до пет илјади евра за поединец, до 10 илјади евра за двајца содружници. Годинава се дава можности и за комбинација на неколку мерки.

Тоа значи дека на пример доколку некое лице посетува обука и добие кфалификација за некоја работа да може да се вклучи и во мерка за субвенционирано вработување, рече министерката Царовска на прес-конференција во Владата.

Со Планот, акцент се става на младите невработени лица до 29 години, за што, како што појасни, ќе се спроведува и пилот проект „Гаранција за млади“ во три општини - Скопје, Струмица и Гостивар.