Едно лице загина, две потешко повредени во сообраќајка кај Дреново

28.02.2018 13:25

Според првичните сознанија на СВР Велес, станува збор за директен судир меѓу патничко и товарно моторно возило.

Едно лице загина, а две се тешко повредени, во сообраќајна несреќа што изутринава околу 10 часот се случи на патот Градско- Прилеп, кај Дреново.

Според првичните сознанија на СВР Велес, станува збор за директен судир меѓу патничко и товарно моторно возило. Сообраќајот на местото на несреќата се одвива наизменично по една коловозна лента.