ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги урива позициите на Македонија за името

28.02.2018 13:41

Според партијата, Заев не запира со политиките кои се спротивни на државните и националните интереси, но судовите за тероризам и уривање на уставниот поредок ги гонат оние кои имаат храброст јавно да му се спротивстават.

Зоран Заев за реномирани меѓународни медиуми изјавува дека е подготвен за одредени отстапки во однос на грчките барања за менување на Уставот, а потоа Владата се обидува да го коригира и да ги појасни неговите позиции. Со несериозниот пристап ги урива позициите на Македонија во спорот и нанесува огромна штета на националните интереси, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Заев не запира со политиките кои се спротивни на државните и националните интереси, но судовите за тероризам и уривање на уставниот поредок ги гонат оние кои имаат храброст јавно да му се спротивстават.

Правосудните органи мора да се ослободат од слугувањето на наредбите на Власта на СДСМ и да почнат да дејствуваат според законите и Уставот на Република Македонија, стои во дописот.

Зоран Заев и СДСМ треба да бидат свесни дека во оваа земја секогаш ќе постојат луѓе, патриоти кои ќе се спротивстават на секоја штетна и антидржавна политика со која се уништува Република Македонија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.