СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести

28.02.2018 13:45

ВМРО-ДПМНЕ треба да се информира дека новинската агенција „Ројтерс“ ја исправи својата објава и сега е целосно јасно дека се работи за предлози коишто Македонија не ги предлага, туку ги разгледува...

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести и со тоа да работи на штета на граѓаните и на Република Македонија, реагира СДСМ. Претседателот на партијата и премиер, Зоран Заев во интервјуто за „Ројтерс“ ги повтори досегашните ставови коишто и се познати на јавноста и соопшти предлози кои се со географска одредница и кои доаѓаат од медијаторот Метју Нимиц- се вели во соопштението на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ треба да се информира дека новинската агенција „Ројтерс“ ја исправи својата објава и сега е целосно јасно дека се работи за предлози коишто Македонија не ги предлага, туку ги разгледува, како и дека станува збор за потрага на решение без да мора да се менува Уставот на Република Македонија- се вели во реакцијата на СДСМ.