Шилегов: За пет споменици се води судска постапка

28.02.2018 15:00

Тие се неплатени, и од градот било побрано известување каде се наоѓаат, поради потребите за судската постапка- рече скопскиот градоначалник.

За пет донирани споменици, меѓу кои и на Андон Ќосето, била поведена судска постапка, затоа што градот добил допис од „Рудници и железарница- институти“, кои ги лиела, дека спомениците не биле платени од здружението донатор- изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Тие се неплатени, и од градот било побрано известување каде се наоѓаат, поради потребите за судската постапка- рече скопскиот градоначалник.

„Градот Скопје има добиено допис од Рудници и железарници институти кои што ги лиеле петте спомениците на Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин дека се неплатени. Од нас е побарано да им доставиме известување каде се наоѓаат спомениците поради нивните потреби во судската постапка која ја водат за долг на неплатени споменици. Што значи Град Скопје примил неплатена донација“, изјави градоначалникот Шилегов.

Шилегов не ја коментираше одлуката на Советот на општина Сопиште за поставување на споменикот на Ќосето кај нив. Тие можат да носат одлуки какви што сакаат- рече Шилегов.