Арапски бизнисмени ги секенираат можностите за инвестирање во Македонија

28.02.2018 15:33

Нафтената, прехранбената и фармацевтската индустрија- ова се клучните области каде има можности за бизнис меѓу Македонија и Саудиска Арабија. Делегација од Кралството ги скенираше потенцијалите на земјава. Средба со властите и со стопанствениците...

Арапски бизнисмени три дена ги скенираат можностите за инвестирање во земјава. Нафтената, прехранбената и фармацевтската индустрија детектирани како секторите во кои може да влезе капитал.

Од Стопанската комора на Македонија велат дека подолго време се работи на отворање на пазарите од Блискиот исток. Трговската размена меѓу нашата држава и Саудиска Арабија изнесува само 10,7 милиони долари.

„Ги анализираме сите можни позиции. Саудиска Арабија е лидер во производството на нафта и нафтени деривати. За нас има многу предизвици таму, отвораме еден нов пазар којшто ни е потребен за нашите производи. Дејностите кои први ќе ги истакнеме се од прехрамбената,хемиската и фармацевстската индустрија“, рече првиот човек на Стопанската комора, Бранко Азески.

Се надеваме на конкретна иницијатива за градење мостови меѓу деловните заедници од двете земји, изјави почесниот конзул на Македонија во Саудиска Арабија. Ќе отвораме претставништва во Кувајт, Ирак и во Оман.

„Три дена ги разгледуваме можностите за инвестирање во Македонија. Многу сме задоволни од пријателската средина и луѓето. Се надеваме на конкретна иницијатива за градење мостови меѓу деловните заедници од двете земји“, нагласи почесниот конзул на Македонија во Саудиска Арабија, Абдула Ал Нувајсер.

Делегацијата арапски бизнисмени имаше средба и со премиерот Заев. Главни теми- економските политики и можностите за инвестиции.

 

Дијана Ценевска