Метео: Утре температурата -15 степени

28.02.2018 15:48

Кон крајот на денот се очекува зголемување на облачноста, а во вечерните и ноќни часови ќе има услови за повремен слаб снег особено во западните делови.

Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди. Во утринските часови речиси насекаде минималната температура ќе падне на под -10, а на некои места и под -15 степени.

Кон крајот на денот се очекува зголемување на облачноста, а во вечерните и ноќни часови ќе има услови за повремен слаб снег особено во западните делови.

Од петок температурите ќе почнат да се зголемуваат.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска