Здравство

Државата ќе ги финансира превентивните програми за ХИВ и туберколоза

28.02.2018 16:00

Петнаесет граѓански организации ќе добијат 47 милиони денари од Министерството за здравство. Земјава целосно го презема финансирањето на превентивните програми за ХИВ и туберкулоза од Глобалниот фонд. Главната цел- стапката на заболени да се одржи на ниско ниво...

Македонија e првата земја во регионот која целосно го презема финансирањето на превентивните програми за ХИВ и туберкулоза од Глобалниот фонд. За годинава се обезбедени 95 милиони денари за програмите, од кои 47 се за превенција, а ќе ги имплементираат 15 здруженија.

Според претседателот на Национална комисија за ХИВ/СИДА при Министерството за здравство,  товарот ќе падне на Институтот за јавно здравје, центрите за третман на зависности, Клиниката за инфективни болести и центрите за јавно здравје.

Македонија има исклучително ниска стапка на инфекција со ХИВ,  дури и во најризичните групи.

Во Македонија според Институтот за јавно здравје од 1987-та до 2017-та година вкупно се регистрирани 354 лица со ХИВ/СИДА.

Ана Јосифоска- Тодоровска