Објавен огласот за продажба на блиндираниот „Мерцедес“

28.02.2018 16:24

Почетната цена на наддавањето изнесува 14.372.208 денари и е одредена врз основа на направената проценка од стрна на Министерството за правда и Бирото за судски вештачења...

Објавен е огласот за продажба на блиндираниот „Мерцедес“, набавен од претходната Влада. За возилото ќе се лицитира на 16-ти март. Заинтересираните на 7-ми ќе можат да го разгледаат автомобилот.

Почетната цена на наддавањето изнесува 14.372.208 денари и е одредена врз основа на направената проценка од стрна на Министерството за правда и Бирото за судски вештачења. Од денеска, па во наредните десет дена, сите заинтересирани домашни и странски правни и физички лица  можат да поднесат пријава до Службата за општи и заеднички работи на Владата.

Сериозноста на понудата заинтересираните ја гарантираат со доставување на банкарска гаранција во износ од два процента од проценетата вредност на возилото, односно 287.444 денари, изјави директорот на СОЗР, Пеце Мирчевски.