БиХ ги предаде одговорите на Прашалникот на ЕУ

28.02.2018 14:51

Церемонијата се одржа во зградата на претседателството во Сараево...

Босанските власти ги предадoa одговорите од прашалникот на Еврокомисијата за подготвеноста на земјата за членство во Унијата. Церемонијата се одржа во зградата на претседателството во Сараево.

На неа присуствуваа претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и еврокомесарот за проширување и соседски односи, Јоханес Хан.

Босна и Херцеговина го доби прашалникот на 9-ти декември 2016-та година, со што и официјално го почна процесот на подготовки за членство во ЕУ.