Писмо со непозната материја доставено до база во САД

28.02.2018 16:14

Писмото содржело и навредувачки текст, адресиран до командантот на базата...

Единаесет луѓе се хоспитализирани по отворање писмо со непозната материја во административна зграда во воената база Форт Мајер - Хендерсон во Арлингтон, Вирџинија.

Тројца од маринците се здобиле со изгореници на рацете и на лицето. Задржани се на лекување во болница во стабилна состојба. Уште едно лице имало крварење од носот.

Писмото содржело и навредувачки текст, адресиран до командантот на базата. Се утврдува каква врска имал испраќачот со базата.