Словачка

Уапсен осомничен за убиството на Куциак

01.03.2018 10:25

Куциак пишувал за активностите на италијанската мафија Ндрангета и властите во Словачка. По оставката на министерот за култура Марек Мадарич, уште двајца високи претставници, блиски до премиерот Роберт Фицо, се откажаа од функција. Еден од нив е споменат во текстот на Куциак.

Во Словачка е уапсен еден осомничен за убиството на новинарот Јан Куциак. При претрес во домовите на неколкумина кои се поврзани со трговија со дрога се конфискувани дрога и оружје. Лицата живеле во близина на местото каде што 27-годишниот репортер беше застрелан со својата девојка.

Куциак пишувал за активностите на италијанската мафија Ндрангета и властите во Словачка. По оставката на министерот за култура Марек Мадарич, уште двајца високи претставници, блиски до премиерот Роберт Фицо, се откажаа од функција. Еден од нив е споменат во текстот на Куциак.

„Министерството за култура е најблиско до медиумите. По ова што се случи, не можам да седам мирно во министерската фотелја. Оставката е моја лична одлука, која не се однесува на некој од политиката. Едноставно, како министер за култура не можам да се помирам со фактот дека новинар беше убиен во мојот мандат“, изјави Марек Мадар, министер за култура.

Владата понуди милион евра за информации што ќе помогнат за апсење на одговорните за убиството.