Продолжува судењето за „Траекторија“

01.03.2018 10:29

Обвинети се поранешниот премиер Груевски, поранешниот вицепремиер Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Георгиевски...

Во Кривичниот суд е закажано рочиште за случајот на СЈО „Траекторија“, во кој се обвинети поранешниот премиер Груевски, поранешниот вицепремиер Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Георгиевски.

Се товарат дека во втората половина на 2012-та и во 2013-та година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид ги злоупотребиле и ги пречекориле овластувањата, со што го оштетиле државниот буџет од најмалку 155 милиони евра.

Груевски на минатото рочиште побара СМС пораките да бидат отфрлени како докази, бидејќи начинот на кој СЈО ги има прибавено, не може да ја гарантира нивната автентичност.