Студен бран: Македонија во портокалова фаза

01.03.2018 10:35

Ослободување на бремените жени и лицата над 60 години од работа и реогранизација на работното време од 10 до 16 часот со повремени паузи од 30 минути, во топли простории на секои 2 часа за работниците кои работат на отворено, препорачува Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови.

Поради студениот бран, Македонија е во портокалова фаза. Ослободување на бремените жени и лицата над 60 години од работа и реогранизација на работното време од 10 до 16 часот со повремени паузи од 30 минути, во топли простории на секои 2 часа за работниците кои работат на отворено, препорачува Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови.

Апелира да се избегнува физичка активност на отворено, носење топла повеќеслојна облека, консумација на топли напитоци и редовно земање на терапија кај хронично болните лица.

Метеоролозите за утре најавуваат дожд, а викендот значително затоплување.