Од скопскиот аеродром отстранет и споменикот на Александар Македонски

01.03.2018 10:38

Беше поставен во 2011-та, откако турската компанија ТАВ почна да стопанисува со него. Името на аеродромот беше сменето со одлука на Владата, во знак на добра волја околу разговорите за разликите со името...

Откако беше преименуван скопскиот аеродром и беа сменети буквите, синоќа отстранет и споменикот на Александар Велики од внатрешниот дел на аеродромот. Беше поставен во 2011-та, откако турската компанија ТАВ почна да стопанисува со него.

Името на аеродромот беше сменето со одлука на Владата, во знак на добра волја околу разговорите за разликите со името.

Преименуван е и автопатот „Александар Велики“ во „Пријателство“.