Германија: Истрага за руски хакерски напад врз министерствата

01.03.2018 11:17

Според државните медиуми, прва осомничена е озлогласената руска група хакери познати како „Фенси Бер“.

Германија спроведува истрага за упад во приватните мрежи на министерствата за безбедност и за внатрешни работи.

Според државните медиуми, прва осомничена е озлогласената руска група хакери познати како „Фенси Бер“.

Досега извршиле серија кибернетички напади во западните земји, вклучувајќи ги и последните претседателски избори во САД.