Женева

Лавров: САД ги обучуваат Европејците за нуклеарно оружје

01.03.2018 12:19

Лавров ги обвини САД дека ги обучуваат европските воени сили за ракување со нуклеарно оружје кое би се користело против неговата држава.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги обвини САД дека ги обучуваат европските воени сили за ракување со нуклеарно оружје кое би се користело против неговата држава.

На конференцијата за разоружување во ОН во Женева, потсети дека во Втората светска војна, американските војници фрлија атомска бомба во Јапонија, изразувајќи надеж дека Европа ќе се спротивстави на распоредувањето оружје за масовно уништување на сопствена територија.

Амбасадорот од Вашингтон Роберт Вуд возврати-„Москва нѐ обвинува за секој проблем во светот, изненаден сум што не нѐ обвинија и за снегот“.