СДСМ: Ја стабилизираме економијата преку одговорно управување со јавните финансии

01.03.2018 12:22

Планот за економски раст и економските политики на Владата даваат реални резултати.

За разлика од времето кога ВМРО-ДПМНЕ парите од скапите и задолжувања расипнички и криминално ги трошеше на барок, споменици и луксуз, Владата предводена од СДСМ преку одговорно управување со јавните финансии ја стабилизира економијата и обезбедува повеќе пари за граѓаните, реагираат од СДСМ.

Планот за економски раст и економските политики на Владата даваат реални резултати. Потврда за исправноста на економските политики е и извештајот на меѓународната агенција „Фич“, која го подобри кредитниот рејтинг на Македонија од негативен во позитивен, се вели во соопштението на СДСМ.