Софија

Работен состанок ЕУ- Западен Балкан

01.03.2018 12:47

Во Софија, работeн состанок на претседателот на Европската комисија Јункер и бугарскиот премиер Борисов со шефовите на држави и влади од Западен Балкан. Се разгледуваат можностите за забрзување на процесот на интеграција на регионот во Унијата.

Премиерот Зоран Заев во Софија учествува на работниот состанок што го организираат претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер и бугарскиот премиер Бојко Борисов со шефовите на држави и влади од Западен Балкан.

Тема на состанокот се можностите за забрзување на процесот на интеграција на Западен Балкан во Унијата, и подобрување на меѓусебната поврзаност.

Претседателот на Европската комисија, Јункер при неговата балканска турнеја потенцира дека од суштинска важност е да се задржи европската перспектива на земјите од регионот. Бугарија најави дека Западен Балкан ќе биде меѓу главните приоритети за време на нејзиното претседавање со ЕУ.

На состанокот учествуват и премиерите на Албанија, Еди Рама, на Црна Гора, Светозар Марковиќ, како и претседателите на Србија, Александар Вучиќ, на Косово, Хашим Тачи, членот на претседателството на БиХ, Драган Човиќ, високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување и соседска полтика Јоханес Хан.

Македонскиот премиер Заев оствари билатерална средба со црногорскиот колега Марковиќ. Разговарано за меѓудржавните односи и за поддршката во евроинтеграциите.