МОСКВА

Путин: На Русија ѝ треба подобар животен стандард

01.03.2018 12:56

Рускиот претседател во обраќањето до нацијата рече дека земјата треба да постигне технолошки напредок со цел да ја постави основата за иден развој...

Рускиот претседател Владимир Путин во традиционално обраќање до нацијата порача дека Русија треба да се фокусира на зголемување на животниот стандард за сите граѓани. Рече дека земјата треба да постигне технолошки напредок со цел да ја постави основата за иден развој.

Предупреди дека Русија ризикува да ја загуби својата сувереност доколку не успее да оствари економски напредок. Според него, потребни се мерки и за справување со сиромаштијата и потребни се чекори за подобрување на здравствениот систем во земјата.