Случај „Траекторија“: Груевски, Пешевски, Јанакиески и Георгиевски се изјаснија за невини

01.03.2018 13:12

Беше прочитано обвинението. Обвинителот побара казни според Законот. Обвинетите се изјаснија дека го разбрале обвинението, но не се чувствуваат виновни.

Во Кривичниот суд рочиште за случајот „Траекторија“, во кој се обвинети поранешниот премиер Груевски, поранешниот вицепремиер Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Георгиевски. Беше прочитано обвинението. Обвинителот побара казни според Законот. Обвинетите се изјаснија дека го разбрале обвинението, но не се чувствуваат виновни.

Груевски рече дека не е сторено никакво кривично дело. Четворицата се товарат дека во втората половина на 2012-та и во 2013-та година презеле дејствија, со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци- Штип и Кичево- Охрид ги злоупотребиле и ги пречекориле овластувањата, со што го оштетиле државниот буџет од најмалку 155 милиони евра.