Обвинителството отвори истрага за трошењето буџетски средства во Антикорупциска

01.03.2018 13:50

Обвинителството презема дејствија за утврдување на фактите во предметот, за прибирање на податоци и на потребната документација, стои во дописот.

Скопското Јавно обвинителство оформи предмет по допрен глас ​за трошењето на буџетски средства од членовите на Антикорупциската комисија.

Обвинителството презема дејствија за утврдување на фактите во предметот, за прибирање на податоци и на потребната документација, стои во дописот.

Медиуми објавија дека ревизијата на УЈП констатирала нерегулараности во работењето на Комисијата. Нејзини членови ненаменски трошеле буџетски средства.

Во ревизорскиот извештај било констатирано дека на членови од Комисијата им биле исплаќани патни трошоци за доаѓање на седници, а исплатата се вршела врз неверодостојни патни налози.

Некои од нив воопшто не доаѓале на работа, туку само на седници, а биле поднесувани патни налози за ист ден.