Мицкоски: Шпекулација е дека ВМРО- ДПМНЕ има договор со власта за враќање во Собранието

01.03.2018 14:13

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека шпекулација е дека неговата партија се договорила со владејачките партии да се врати во Собранието и да се изгласа законот за јазици, а за возврат на тоа да бидат ослободени притворените за случувањата во Собранието на 27-ми април.

Шпекулација е дека сме се договориле со владејачките партии ВМРО-ДПМНЕ да се врати во Собранието и да се изгласа Законот за јазиците, а за возврат на тоа да бидат ослободени притворените за собраниските настани од 27-ми април, вели лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

„Апсолутно нема такво нешто, ниту некој зборувал за тоа. Се разбира дека мораме да ја релаксираме политичката атмосфера во државата и опозицијата треба да биде дел од тоа, но, како што велат и претставниците од меѓународната заедница, најодговорна за овозможување демократски амбиент е Владата“, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по средбата со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.

Партијата останува на ставот дека Законот за јазиците треба да се повлече.