Парламентарното мнозинство бара оставки од членовите на ДКСК

01.03.2018 14:17

Во спротивно, велат од СДСМ, антикорупционерите ќе бидат разрешени.

По објавувањето на деталите од ревизорскиот извештај за Антикорупциска, според којшто, се наплатувале патни трошоци врз основа на фиктивни налози, владејачкото мнозинство бара членовите на Комисијата да си поднесат оставка. Во спротивно, велат од СДСМ, антикорупционерите ќе бидат разрешени.

„Членовите на ДКСК веќе немаат професионален и етички кредибилитет да ја извршуваат оваа фунција ниту еден повеќе. Од тие причини доколку членовите на Антикорупциска не поднесат неотповиклива и итна оставка, Собранието како орган надлежен за избор на членовите на оваа комисија ќе покрене постапка за нивно разрешување“, изјави потпретседателката на Собранието и пратек од СДСМ Фросина Ташевска Ременски.

Барањето за оставки, како што кажа, е од владејачкото мнозинство односно и од пратениците од СДСМ и од ДУИ.

Нема да има толеранција на коруптивно и расипничко однесување на ниту една институција и на ниту еден избран функционер во Република Македонија,  рече Ташевска Ременски.