Одбележан Денот на Полкот за специјални операции

01.03.2018 15:13

Во касарната „Илинден“, одбележан Денот на Полкот за специјални операции. Со исполнувањето на мисиите и задачите, Волците дадоа силен печат во професионализацијата на Армијата, градејќи традиција и култ на единицата, достојни за почит. Армиските специјалци во целост го оправдуваат и мотото „Секогаш и секаде први“...

Високата мотивираност, посветеност, ентузијазам и силна желба да се достигне совршенството во професијата. Армиските специјалци за кратко време се вивнаа на највисокото место меѓу најдобрите. Препознатливи под името Волци, во целост го оправдаа нивното мото „Секогаш и секаде први“. Со исполнувањето на мисиите и задачите, припадниците на Полкот за специјални операции дадоа силен печат во професионализацијата на Армијата и успеаа да изградат традиција и култ на единицата достојни за почит.

Од формирањето, до денеска, како единица бевте изложени на ризици и предизвици. Се соочувавте со проблеми кои бараат тактики, техники, решенија и процедури. Со партнерите од НАТО, стоевте рамо до рамо, рече министерката за одбрана Шекеринска. Потенцира дека остануваат заложбите за повисок стандард на припадниците на АРМ. Во буџетот повеќе пари за одбраната.

Полкот за специјални операции пет години, учествуваше во мисијата „Слобода за Ирак“. И во „Феникс“ во Авганистан заедно со американските војници. Припадници на единицата беа дел и од  мисиите „Алтеа“ во БиХ, и „Унифил“ во Јужен Либан.

 

Александра Спировска