Федерацијата БиХ одбележува Ден на државноста

01.03.2018 15:19

Република Српска не го празнува денешниот ден, бидејќи мнозинството верува дека тогаш почнала војната и оти референдумот за независност бил нелегален.

Во Босна и Херцеговина се одбележува Денот на државноста. Пред 26 години во земјата се одржа референдум, на кој граѓаните се изјаснија дека сакаат да живеат во суверена и  независна БиХ, држава на рамноправни граѓани, народите на БиХ - муслимани, Срби, Хрвати и други припадници на народите кои живеат во неа.

Република Српска не го празнува денешниот ден, бидејќи мнозинството верува дека тогаш почнала војната и оти референдумот за независност бил нелегален.

Земјите-членки на европска заедница ја признаа БиХ на 6 април 1992 година, а еден ден подоцна истото го направи и САД. БиХ на 22 мај 1992 година беше примена како полноправна членка на Обединети нации.