Азески: Низ дијалог да се решаваат прашањата од интерес за бизнисот

01.03.2018 15:24

Првиот човек на Стопанската комора на Македонија, Азески очекува ВМРО- ДПМНЕ да ги поддржи сите закони во Собранието кои имаат влијаат на економскиот амбиент да не се кочи развојот, да се слушнат потребите на компаниите.

Да ги решаваме прашањата кои се од интерес за бизнисот низ дијалог- порача претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески кој оствари прва средба со претседателот на опозициската партија, Христијан Мицкоски.

Азески очекува ВМРО- ДПМНЕ да ги поддржи сите закони во Собранието кои имаат влијаат на економскиот амбиент да не се кочи развојот, да се слушнат потребите на компаниите.

Мицкоски рече дека ги презентирал економските планови пред Комората, за што финалната верзија ќе биде донесена во соработка со бизнис- заедницата.

Азески добил уверување дека ова раководство на ВМРО- ДПМНЕ ќе биде бизнис определено.