Невреме

„Ѕверот од истокот“ ја замрзна Европа

01.03.2018 15:34

Ниски температури, снег и силен ветар. Европа парализирана од „Ѕверот од истокот“. Околу 50 жртви во неколку земји на континентот...

Ледениот бран од Сибир кој експертите го нарекоа „Ѕверот од исток“ со себе донесе студени ветрови и крајно ниски температури во многу делови од Европа. Студот зеде и жртви, засега 50-на луѓе.  Од нив најголемиот број, 18 лица во Полска, шест во Чешка, пет во Литванија, по четири во Франција и Словачка. Има жртви и во Италија, Романија, Србија и Словенија, Холандија и Шпанија. 

Во Хрватска е забележана температура од -21 целзиусов степен, исто како и во Босна и Херцеговина. Поради големиот студ со температури и до -24 целзиусови степени замрзна и Дунав.

„Долго време не паднал снег. За првпат мора да запаметам дека на први март падна снег и во Пула“- вели жител на Хрватска.

Агенциите пренесуваат дека првиот снег во Рим предизвикал сообраќаен колапс. Проблеми во сообраќајот има и во Каталонија каде што стотици камиони се заглавени на патиштата, а блокиран е и железничкиот и воздушниот сообраќај. Авионските летови се засега одложени и во Франција, а затворени се и голем број училишта. Наспроти ова, во повеќе области од Европа е прогласена опасност од поплави. На југот од Франција, снежните врнежи создадоа сообраќаен хаос.

Подолго време сме заглавени. Само сакаме да си одиме дома“- вели жител на Франција.

„Сѐ е блокирано, камионите се заглавени на автопатиштата“, додава друг.

Поради лошите временски затворен за сообраќај. Хаотично е и во авиосообраќајот во Велика Британија. Поради високите нансоси од снег, стотици возачи преноќија автопатиштата во Шкотска.

 

Марина Ристова