Судство

Патот до Брисел минува низ Стразбур

01.03.2018 15:44

Судството мора да биде ослободено од притисоци, затоа што секој има право на независен и непристрасен суд. Во Собранието прва работна сесија на Националната конвеција за Европската унија...

Судските предмети да се решаваат ефикасно и во согласност со праксата на Европскиот суд за човекови права. Без судии со личен интегритет, не се обезбедува независно судство. Патот до Брисел поминува низ Стразбур, Поглавјето 23 е темел на владеењето на правото-  ова е главната порака од учесниците на состанок на Националната конвенција за ЕУ во Македонија.

Се порепорачува судиите и обвинителите да добијат поголема поддршка во докажувањето на својата независност.

Меѓу препораките и онаа, членовите на Судскиот совет да се избираат од редот на најдобрите и најискусни правници. Потребно е и извршување на пресудите на судот во Стразбур.

Од невладиниот сектор предлагаат спроведувањето на реформите во правосудството да биде транспарентен процес, со вклученост на граѓанитеи академската фела. Беа побарани и повеќе пари за судството.

 

Анита Димитријевска