АВМУ: Мал простор за родовите прашања

01.03.2018 16:35

Само во два новинарски извештаи биле опфатени родовите проблеми- ова го покажува извештајот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми. Позастапени соговорници биле мажите, жените претставувани со именки од машки род...

Од вкупно 973 прилози, 28 се бавеле со родoвата еднаквост, а само во два новинарски извештаи биле опфатени родовите проблеми- ова го покажува извештајот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми. Позастапени соговорници биле мажите, жените претставувани со именки од машки род, па така, наместо пратеничка се користело пратеник. Во спортските вести, жените речиси секогаш биле последна вест.

„Препораките се слични на претходните години, а тие се воведување на теми кои ги засегаат прашањата на еднаква родова застапеност во структурите на одлучување во општествената и политичката сфера, потребно е воведување на теми кои се од интерес за еднаквоста на меѓу родовите, зголемено присуство на жени во својство на соговорнички, стручни и политички афторитети како соговорнички“, изјави викторија Боровска, Институт за општествени и хуманистички науки.

Агенцијата советува, пристапот кон теми кои третираат родови прашања да биде неутрален.

„Тоа не е случај само кај нас во нашето општество, но не можеме да дозволиме да се одржува една ситуација на статус кво, туку да се соочиме со стереотипите кое е секогаш нелагoдно и да ги препознаваме за да не станат нормализирани и за да не престанеме да ги забележуваме“, изјави Сашо Богдановски, Одделение за човекови права медиумска писменост.

Анализата и сите заклучоци на оваа тема, која се прави шеста година по ред, ќе бидат објавени во публикација кон крајот на месецов.

 

Андријана Атанасовска