Николовски и Љајиќ ќе бараат решение за проблемот со брашното

02.03.2018 10:26

Министерството за земјоделство ја потврди средбата меѓу двајцата министри на која се очекува да се најде прифатливо решение...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и српскиот вицепремиер и министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ денеска во Скопје ќе разговараат за надминување на проблемот околу увозот на српско брашно.

Министерството за земјоделство ја потврди средбата меѓу двајцата министри на која се очекува да се најде прифатливо решение.

Проблемот настана откако македонската влада го донесе новиот правилник за увоз на брашно во земјава, а Србија се закани дека ќе воведе контрамерки за увоз на сите наши земјоделски и прехранбени производи.

Новиот правилник предвидува контролни маркички на брашното да се ставаат по увезување на пратките и нивната контрола, а не уште во Србија, пред да се реализира извозот во Македонија.