Атина

Одложено рочиштето за жалбата на Грујевски и Бошкоски

02.03.2018 10:56

Минатото рочиште што беше одржано на 16-ти февруари, беше одложено поради краткиот период што го имале адвокатите за разгледување на предметот и затоа што не бил обезбеден преведувач на македонски јазик.

Врховниот суд во Атина за 9-ти март го одложи рочиштето на кое требаше да биде разгледана жалбата на одлуката за екстрадиција на Судот во Солун за поранешниот началник во УБК, Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошкоски, бидејќи беше отсутен еден од адвокатите, пренесува МИА.

Минатото рочиште што беше одржано на 16-ти февруари, беше одложено поради краткиот период што го имале адвокатите за разгледување на предметот и затоа што не бил обезбеден преведувач на македонски јазик.

Грујевски и Бошковски остануваат во атинскиот затвор „Коридалос“. За Грујевски и Бошкоски во Грција се водат три различни процеси.