Одложен состанокот Николовски- Љајиќ

02.03.2018 10:58

Разговорите меѓу двајцата министри продолжуваат следните денови.

Одложен е состанокот на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски со министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Србија на кој требаше да се изнајде решение за проблемот со увозот на српското брашно, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Разговорите меѓу двајцата министри продолжуваат следните денови.

Двајцата министри се одлучни и посветени на изнаоѓање долгорочни решенија, во духот на почнатиот Берлински процес, кој води кон создавање услови за заеднички пазар. Засегнатите страни се информирани дека со измените на Правилникот за изгледот, формата и содржината на барањето за издавање на контролни маркички за означување брашно, се менува само распоредот на целата процедура за увоз на брашно од странски земји во Република Македонија, наведуваат од МЗШВ.