КАТАЛОНИЈА

Пуџдемон го отстапи местото на својот колега Санчез

02.03.2018 11:00

Санчез е притворен поради соучество во референдумот за независност, па на неговиот избор се спротивставуваат партиите коишто се залагаат за обединета Шпанија.

Поранешниот каталонски претседател Карлес Пуџдемон му го отстапи своето место на шеф на владата,на сопартиецот Жорди Санчез.

Санчез е притворен поради соучество во референдумот за независност, па на неговиот избор се спротивставуваат партиите коишто се залагаат за обединета Шпанија.

Во видео порака од Брисел, каде штп Пуџдемон престојува веќе четири месеци, изјави дека привремено нема да учествува како кандидат за претседател на Владата.

Неговата одлука следува откако регионалниот парламент гласаше и го призна Пуџдемон како иден шеф на владата.