Побарувањата на транспортерите на „Фени“ ќе бидат исплатени

02.03.2018 12:28

Од „Еуроникел“ велат дека ова е надвор од нивните законски обврски, но решиле да им помогнат на транспортерите, за да не се влоши нивната финансиска состојба.

„Еуроникел“, претставништвото на швајцарската компанија „Гсол“ ќе ги покрие сите обврски кон транспортерите на „Фени“. Нивните вкупни побарувања изнесуваат 3,1 милиони евра, и практично се побарувања од „Нова Логистик“, фирма која најверојатно ќе влезе во стечај.

Од  „Еуроникел“ велат дека ова е надвор од нивните законски обврски, но решиле да им помогнат на транспортерите, за да не се влоши нивната финансиска состојба.

Плаќањето ќе се изврши веднаш по утврдувањето на документацијата за побарувањата и потпишување на нотарски договори, кои ќе бидат склучени со транспортерите, се вели во соопштението на „Еуроникел“.