ВАШИНГТОН

САД ќе ѝ продаваат на Украина противтенковски ракетни фрлачи

02.03.2018 11:42

Системот ќе ги засили одбранбениот капацитет за заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет.

Со купопродажен договор од 47 милиони долари, САД ќе ѝ продаваат на Украина противтенковски ракетни фрлачи „Џевлин“.

Системот ќе ги засили одбранбениот капацитет за заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет.

Стејт департментот, од кого зависи дозволата за таквата продажба, го информирал Конгресот дека има намера да ја одобри зделката. Конгресмени од Републиканската и Демократската партија одамна лобираат да се реализира таа продажба.